Аквизицијата за која некое време се шпекулираше, денеска конечно е и официјално објавена. Uber и Careem се договорија дека оваа блискоисточна компанија ќе стане филијала на американскиот Uber, за што ќе бидат плаатени 3,1 милијарда американски долари. На сопствениците на Careem, Uber за преземање ќе им плати 1,4 милијарди долари во пари и 1,7 милијарди во конвертибилни задолжници (кои можат да се претворат во сопственички удел во Uber).
Uber со овој договор во целост ќе го преземе работењето на својот досегашен конкурент на подрачјето на превозот, но и нивните услуги на достава и плаќање во сите земји каде Careem работеше досега. Седиштето на компанијата е во Дубаи, но ги покриваат уште и Саудиска Арабија, Ирак, Катар, Баахреин, Либан, Пакистан, Кувајт, Египет, Мароко, Јордан, Судан, Палестина и Турција.
Today, we start Chapter 2 of our story. Careem is joining forces with Uber to better serve the region
We will operate independently, so the app, services and brand you love will continue to be available as usual.
For more details, visit https://t.co/1eGk5u6d1w pic.twitter.com/xn53Q9iyLI
— Careem (@careem) March 26, 2019
Аквизицијата ќе биде официјално заклучена по добивањето на сите регулаторни дозволи, што се очекува во првото тримесечје на следната година. По спојувањето кон Uber, Careem ќе прдолжи со работа под сопственото име, а ќе продолжи да го води досегашниот ЦЕО и соосоновач на компанијата Mudassir Sheikha.
Поврзани артикли