Кинескиот гигант Huawei претстави линија на паметни очила во партнерство со корејскиот бренд за луксузни очила Gentle Monster.
Очилата немаат камери и изгледаат како обични очила, а акцентот е ставен на модниот елемент. Корисниците за да одговорат на повици и да пристапат до гласовниот асистент го допираат само надворешниот дел на рачките.
The future is now! Together with Gentle Monster we have joined forces to take your wearable intelligence to the next level with #HUAWEI X GENTLE MONSTER EYEWEAR. pic.twitter.com/MrgO2esXK4
— Huawei Mobile (@HuaweiMobile) March 26, 2019
Очилата се водоотпорни и не привлекуваат прашина. Се полнат безжично преку футролата во којашто се сместени, благодарение на батерија со јачина од 2.200mAh, или преку USB-C влез.
Од компанијата не ја објавија цената за новиот производ, но се знае дека очилата ќе ги има во неколку верзии на пазарот, почнувајќи од јуни или јули годинава.