Индија собори сателит во ниската орбита околу Земјата во рамките на успешното тестирање на нова ракетна технологија, истакна индискиот премиер Нарендра Мода.
Оваа операција е наречена Shakti и ја прави Индија дел од “супер лигата” нации кои постигнале таков подвиг.
Веста доаѓа само неколку седмици откако Индија учествуваше во воздушните судири со Пакистан, поради споровите во врска со границата на Кашмир.
“Оваа нова технологија не е насочена против било која земја”, заклучи премиерот.