Неодамна организаторите на безбедносната конференција „Pwn2Own CanSecWest“ ги предизвикаа хакерите да се обидат на кој било начин да упаднат во софтверот на „Тесла“. Наградата беше автомобил Tesla Model 3 кој беше мета на хакирањето.
Конференцијата, која послужи и како натпревар за хакери, заврши со победа на двајца хакери. Имено, Амат Кам и Ричард Жу успеаја преку вградениот теслин пребарувач на инфо-системот на автомобилот да изведат сопствен програмски код и на екранот да ја прикажат нивната порака.
Тоа за организаторите било доволно да заклучат дека софтверот на возилата е успешно хакиран. Двајцата хакери како награда го добиле автомобилот на кој ги прикажале своите вештини. Освен тоа, тие добиле и парична награда од 375.000 долари.
Од компанијата „Тесла“ изјавија дека наскоро ќе го поправат пропустот што го искористиле хакерот. Истакнаа дека упадот во софтверот барал многу труд и вештини, па им се заблагодарија на безбедносните експерти и на хакерите затоа што им помогнале во подигнувањето на нивото на безбедност на нивните автомобили.
That's a wrap! Congrats to @fluoroacetate on winning Master of Pwn. There total was $375,000 (plus a vehicle) for the week. Superb work from this great duo. pic.twitter.com/Q7Fd7vuEoJ
— Zero Day Initiative (@thezdi) March 22, 2019
Извор: Bizlife.rs
Поврзани артикли