Boston Consulting Group (BCG) објави преглед на најиновативните компании во 2018. година, кои ги именувале 2.500 раководители, а кои ги интервјуирале консултанти. Не чуди што постои голема присутност на технолошките компании во самиот врв, и држат девет од првите десет места.

Интересно е дека прв пат по 13 години, колку што BCG го спроведува ова истражување, дошло до промена на листата во самиот врв. Имено, Google се најде на првото место, a Amazon на второто, симнувајќи го Apple за две места, кој беше на самиот врв уште од 2005. година. Еве ги првите десет:

  1. Alphabet/Google
  2. Amazon
  3. Apple
  4. Microsoft
  5. Samsung
  6. Netflix
  7. IBM
  8. Facebook
  9. Tesla
  10. Adidas

Што ги прави овие компании иновативни? Главни теми на годинашниот извештај на BCG се употребата на вештачката интелигенција, што значи автоматизација и напредна аналитика и платформи и екосистеми. За Fortune, Michael Ringel, еден од BCG партнерите изјави: За да користите AI сега и да добивате вистинска вредност од тоа, морате да бидете компанија која има напредно размислување, тоа е вложување во тоа подрачје, тоа е воља да го пореметите вашиот сопствен модел… Мора да постои неопходно плодно тло за вистински вид на однесување, кое би ви овозможило да инвестирате во AI. Но, користењето на вештачката интелигенција, исто така, може да создаде нови бизнис можности кои не се нужно предвидени на почтокот, додаде ток, наведувајќи ја нововклучената опција во Gmail, која ги довршува решениците на корисниците.

Иако технолошките компании држат девет од првите десет места, традиционалните индустрии сочинуваат повеќе од половина од компаниите во првите 50 на листата. Од традиционалните компании, најиновативна е Adidas, која за само една година напредуваше за 25 места и сега се наоѓа на десеттото место, со што стана и најиновативна компанија во Европа. Целиот извештај можете да го прочитате на овој линк.