Компаниите Huawei и Samsung неодамна воведоа одлична можност на своите најнови смартфони, а тоа е можност за полнење на други уреди преку безжичен пат.
Јапонскиот блог Macotakara наведува дека и новите модели на iPhone би можеле да ја имаат можноста за полнење на други уреди, а како извор на информациите се наведени кинеските снабдувачи. Овие тврдења се потпора на претходните најави на познатиот аналитичар Минг Чи-Куо, кој тврдеше дека годинашниот iPhone би можел да има можност за бежично полнење на други уреди, како и дека ќе имаат подобри камери и поголема батерија.
Блогот наведува дека се очекува нов кабел за полнење со моќност од 18W, каков што доаѓа со iPad Pro, иако нема да користи USB-C.
Безжичното полнење на iPhone би било корисно посебно поради фактот дека втората генерација на AirPods слушалки доаѓа со куќиште кое има можност за безжично полнење. Постојат гласини дека пристигнуваат и безжични Beats Powerbeats слушалки. Исто така, би можел да се полни и Apple Watch, во случај кога немате полнач при рака.
Поврзани артикли