Бројот на егзопланети откриени околу другите ѕвезди наскоро ќе достигне 4000, пишува BBC.
Зголемувањето на бројот на егзопланети е знак за експлозија на откритија, кои се резултат на потрага со помош на телескопи на Земјата и во вселената во изминатите 25 години, а исто така е показател колку се вообичаени планетите, односно дека поголем дел од ѕвездите во Млечниот пат имаат барем еден свет кој кружи околу нив. Тоа е нешто во што астрономите не можеле да бидат сигурни пред триесетина години.
Extrasolar Planets енциклопедијата која ја води Observatoire de Paris во Франција веќе ја помина границата од 4000 егзопланети.
На Exoplanet архивата на NASA и недостасуваат 74 планети до бројката од 4000, но постојат уште 443 кандидати за статус на планета, кои ги откри телескопот на NASA, Tess лансиран во 2018. година. Овие планети се уште чекаат потврда.
Исто така, постојат уште 2.423 кандидати за статус за планети, кои ги откри вселенскиот телескоп Kepler. Најновата планета додадена во архивата на NASA е Super Earth GI 686 b, која кружи околу црвената џуџеста ѕвезда, „поладна” од нашето Сонце, а која е откриена со помош на телескоп на Земјата. Таа е потврдена и додадена во архивата на 21. март.