Една од првите социјални мрежи на интернет, My Space се извини откако по миграција на серверот загуби огромна база на податоци, објави Би-Би-Си.
„Сите фотографии, видеа и аудиоснимки поставени до пред повеќе од три години (2015) повеќе не се достапни. Се извинуваме за непријатноста“, стои во пораката на сајтот, откако последниве месеци имаше чести поплаки дека музика веќе не функционираат.
My Space беше основан во 2003 година, привлекувајќи милиони корисници. Во 2005 година беше купен од „ЊузКорп“ за 580 милиони долари, а од 2011 е во сопственост на компанијата „Спесифик медија“.
Во 2006 година e најпосетуван сајт во САД, надминувајќи го дури и Google.
Во тоа време, пред да стартуваат Фејсбук, Твитер и Инстаграм, со популарноста помогна да се лансираат и кариери на музичари како „Арктик манкис“ и Кејт Неш.
Енди Бајо, еден од основачите на сајтот „Кикстартер“, е скептичен дека се работи за несреќа. Проценува дека можеби се изгубени 50 милиони песни од повеќе од 14 милиони музичари низ цел свет, објавувани меѓу 2003 до 2015 година.
I'm deeply skeptical this was an accident. Flagrant incompetence may be bad PR, but it still sounds better than "we can't be bothered with the effort and cost of migrating and hosting 50 million old MP3s."
— Andy Baio (@waxpancake) March 18, 2019