Јапонската компанија Nissan објави дека нејзиниот модел Leaf станал првиот електричен автомобил во историјата продаден во 400 илјади примероци.
Овој модел на пазарот се појави пред осум години, поточно во декември 2010 година, а денес е најдобро продаваниот електричен модел во светот, објави порталот Engadget, а пренесе „Танјуг“.
До декември 2015 година продажбата на овој модел ја надмина бројката од 200 илјади возила, што значи дека Nissan продал дополнителни 200 илјади во наредните три години.
Јапонската компанија производството го врши на три континенти – во Јапонија, Велика Британија и САД, а моделот на Leaf е достапен на повеќе од 50 пазари ширум светот.