Snow White е кујнски уред на LG што прави сладолед

Јужнокорејската компанија за електроника, LG на конференцијата SXSW во Тексас претстави кујнски уред за правење на сладолед. Snow White, којшто е во прототип верзија, може да направи разни вкусови и текстури од овој десерт, според желбата на корисникот.

Машината има два дела, односно подлоги, од коишто едниот се користи за вкусот, а другиот за текстурата. На тој начин се добива традиционален сладолед, џелато, сорбе или замрзнат јогурт. Секоја од капсулите што го содржи десертот, пред подготовката има и печатен QR код, којшто му “кажува“ на уредот што треба да направи.

Од компанијата не даваат детали за тоа кога (и дали) овој производ ќе биде достапен за продажба.