Nokia 9 PureView во Европа од 15. март

Nokia 9 PureView телефонот во САД беше објавен на почетокот на март, додека во Европа би требало да стигне во текот на април. Меѓутоа, чекањето на телефонот ќе биде пократко од што се очекуваше, бидејќи неколку земји и онлајн продавници ќе го испорачуваат уредот веќе од денеска, 15. март.

Во еден случај, цената на телефонот е пониска дури и од официјалната цена на сајтот Nokia.com. Во табелата подолу можат да се видат местата на кои е достапен телефонот, а цените се движат помеѓу 600 и 650 евра.

Nokia 9 PureView пристигнува со пет камери на задната страна, има 5,99-инчен дисплеј, 2k PureDisplay со HDR10 поддршка, сензор за отпечатоци интегриран во екранот, Snapdragon 845 чипсет, како и 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.