Стигнавме во период од годината кога Google овозможува ран увид во наредната верзија на Android, а компанијата сега ја објави Android Q preview бета верзијата. Како и претходните бети, фокусот е повеќе на функционалните надградби, а со првата бета најголемото внимание е насочено кон функциите на приватност.
Корисниците можат да го лимитираат собирањето на информации за локацијата, кога е стартувана некоја апликација, како и да им забранат на апликациите пристап до медија фајловите. Исто така, Google ќе им забрани на апликациите и собирање на осетливи информации, како што се IMEI и сериските броеви.
Sharing Shortcuts овозможува преминување на втора апликација кога сакате да делите материјал, а апликацијата може да го повика панелот за подесувања релевантни одредени задачи (на пример кога сакате да вклучите Wi-Fi за контрола на паметните уреди). Исто така, ќе биде видлива подобра поддршка за флексибилните телефони.