Најголемото Twitter ажурирање во последните неколку години донесува нови камера и геолокациски функции. Иако многумина очекуваа дека Twitter ќе објави посебна апликација само за тестирање, социјалната мрежа објави голем апдејт за Android и iOS уредите.
Компанијата не објави детали за тоа што донесува ажурирањето, но истакна некои од работите кои корисниците можат да ги очекуваат. Најпрвин, надградбата во голема мерка се фокусира на фотографии и видео. Од Twitter истакнуваат дека ја ажурирале камерата за да овозможат полесно и побрзо креирање и споделување на содржини. Се истакнува дека корисниците ќе можат да креираат и споделат фотографии и видео со “едноставно свајпување и со неколку притисоци директно од Home timeline”.
See it? Tweet it! Our updated camera is just a swipe away, so you get the shot fast. Rolling out to all of you over the next few days. pic.twitter.com/moOEFO2nQq
— Twitter (@Twitter) March 13, 2019
Исто така, апдејтот донесува нов media-forward изглед, а тука е и новата функција која автоматски препорачува хаштаг поими (#) во зависност од локацијата на корисникот. Новите функции на геолоцирање работат само во САД, но Twitter истакнува дека планира да ги прошири во иднина.
Наведените промени ќе пристигнат на iOS и Android уредите во текот на следните неколку дена.
Поврзани артикли