Велика Британија издаде монета во чест на британскиот астрофизичар Стивен Хокинг. Монетата е со номинална вредност од 50 пени и на неа има изгравирано црна дупка. Покрај ова издадени се и колекционерски монети во четири варијатни – монетата од 10 фунти, сребрени од 55 и 95 фунти и златна од 795 фунти.
Хокинг почина на 14 март 2018 година на 76 години. Тој со децении беше најпознат современ физичар и покрај тоа што од 22-годишна возраст се бореше со неизлечива болест – амиотрофичка латерална склероза.
„Генијалноста на Стивен Хокинг не е само во тоа што обединуваше различни сфери туку и во тоа што науката ја направи достапна до сите. Неговата духовитост и необичен вкус му помогнаа да ги претвори софистицираните теми во интересни и актуелни”, се наведува во соопштението по повод издавањето на монетата.
Поврзани артикли