Tesla оваа година ќе го претстави својот прв електричен пикап.
Компанијата за електрични возила Tesla Motors има намера годинава да го претстави својот прв електричен пикап модел.
Првиот голем настан нa Tesla за оваа година веќе се ближи – на 14 март ќе го претстави електричниот кросовер „Модел Y“, а подоцна годинава ќе следи и настан на кој ќе дебитира електричниот пикап.
Точниот датум за претставувањето уште не е познат, а единствениот ривал на Tesla на полето на електрични пикапи најверојатно е R1T на компанијата Rivian. Оваа компанија привлече внимание со претставувањето на својот електричен пикап на ланскиот Саем за автомобили во Лос Анџелес.
Компанијата Tesla на Елон Маск пред неколку дена ја претстави 3.0 верзијата на својот суперполнач за електрични возила.