Новиот извештај сугерира дека Microsoft наскоро би можел да го освежи својот најевтин Surface Book 2 лаптоп. Одредените малопродажни листинзи укажуваат на оваа можност. Една од поголемите промени кои ќе ги направи Microsoft е имплементирањето на четиријадрен процесор. Surface Book 2 моментно има двојадрен CPU.
Сајтот WinFuture го забележа листингот за Surface Book 2, кој наместо двојадрениот i5-7300U чипсет, би можел да го добие четиријадрениот i5-8350U процесор. Покрај двете дополнителни јадра, CPU има и зголемен максимален такт од 3.5GHz на 3.6GHz.
Остатокот од спецификациите би требало да остане ист, а ова вклучува 8GB RAM, два USB 3.1 Type-A порта, еден Type-C влез и читач на SD картички, како и 3000 x 2000p резолуција.
Microsoft досега официјално не спомена кога планира да ја објави освежената верзија на Surface Book 2 лаптопот од 13 инчи, кој на малопродажните листи се појави по цена од 1499 долари.