Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун изјави дека компанијата сака да се ослободи од репутацијата на производител, чии паметни телефони чинат помалку од 300 долари.
“Сакаме да инвестираме повеќе и да правиме подобри производи. Нашите телефони во иднина би можеле да бидат поскапи, не многу, но секако поскапи”, истакна Јун, коментирајќи ги шпекулациите за растот на цените на смартфоните на Xiaomi во иднина.
Тој во интервју за TechNode откри дека на менаџментот на компанијата му рекол дека моментниот модел Mi9 би можел да биде последниот уред на Xiaomi, понуден по цена пониска од 3000 јуани, односно околу 446 долари.
Mi линијата паметни телефони веќе тргна во правецот на повисока класа, како од перспектива на квалитетот, така и од ценовната точка на гледање.