Xiaomi Redmi Note 7 и Redmi Note 7 Pro се веќе официјализирани, а сега го очекуваме третиот член на семејството – Redmi 7. Телефонот неодамна е забележан на TENAA листинг, а сега протече видео во кој Redmi 7 е главна ѕвезда. Исто така, hands-on видеото повторно ги потврдува спецификациите на уредот.
Redmi 7 го покренува Snapdragon 632 SoC, спарен со 3GB RAM и 64GB простор за складирање податоци. Се очекуваат и други комбинации за RAM/простор за складирање, а ТЕНАА претходно ги спомена 2/16, 3/32 и 4/64 опциите.
https://youtu.be/2-G3RnAuhSM
Телефонот во долниот дел има microUSB порт. Го напојува батерија со капацитет од 4000mAh, а кога се во прашање камерите – тука се 12 MP сензор на задната страна и 8MP предна камера.
TENAA листингот претходно откри дека Redmi 7 има 6.26-инчен LCD екран со 1520 x 720p резолуција и засек во облик на капка. Сензорот за отпечатоци од прсти е на задната страна, која е изработена од пластика.