Кинескиот производител Oppo го претстави својот нов смартфон под името F11 Pro.
Компанијата во случајот на овој модел се фокусирала на камерите, така што F11 има главна камера од 48 мегапиксели на задната страна, додека однапред има pop-up селфи камера, решение кое полека станува тренд.
F11 Pro поседува 5,33-инчен екран (1.080p) на кој нема засек благодарение на pop-up камерата. Работи на MediaTek Helio P70 процесор, 4 GB RAM i 64 GB интерна меморија, односно 6 GB RAM и 128 GB меморија, зависно од верзијата, а го напојува батерија од 4.000 mAh, која поддржува брзо полнење, односно VOOC 3.0 технологијата на Oppo.
На задната страна се наоѓа сензорот за отпечатоци од прсти, а уредот поседува и USB порт и влез за слушалки.
Поврзани артикли