Кинескиот технолошки гигант Huawei потврди дека неговиот следен флегшип смартфон P30 Pro ќе има суперзум перископ камера.
Имено, камерата на новиот телефон на Huawei ќе има опција за зумирање до десет пати, потврди Clement Wong, потпретседател на Huawei за глобален маркетинг на производи.
Wong појасни дека оваа камера ќе направи „нешто што никој досега не го направил”. Техно експертите навестуваат некој вид на механичко зумирање, што секако би било интересно да се види на паметен телефон.
Ниту еден производител на смартфони досега не исфрлил на пазарот телефон со перископ камера, но кинескиот Oppo неодамна претстави свој прототип кој ја поддржува опцијата на зумирање до десет пати.
Од Huawei исто така ветуваат големи унапредувања на ноќниот режим на фотографирање на P30 Pro.
Директорот на Huawei, Ричард Ју минатиот месец го најави новиот уред со фотографија на месечина, која според Вонг, е снимена без никакви додадени опции.
За среќа, љубителите на технологијата нема да мораат долго да го чекаат новиот уред на Huawei, бидејќи P30 Pro ќе биде претставен на 26. март оваа година.
Поврзани артикли