На 14 март во Лос Анџелес ќе биде претставен новиот компактен кросовер Tesla, објави на Твитер претседателот на автомобилската компанија Tesla Motors, Елон Маск.
Тој најави дека новиот електричен автомобил ќе биде за 10 отсто поскап од моделот Tesla 3.
Model Y unveil event on March 14 at LA Design Studio
— Elon Musk (@elonmusk) March 3, 2019
Кросоверот ќе ја има шасијата на Model 3, а некои од техничките и стилски решенија ќе бидат земени од постариот модел – Model X.
Според првичните информации, новиот модел ќе има два мотора кои ќе бидат лоцирани на предните и задните оски. Автомобилот исто така ќе се продава со два различни капацитети на батерии.
Поврзани артикли