ZTE го претстави својот прв 5G смартфон – Axon 10 Pro 5G. За жал, сè уште не се познати конечните параметри на уредот, но моделот се очекува да се појави во првата половина од 2019 година во Кина и во Европа.
Официјално најавените функции вклучуваат Snapdragon 855 чипсет во комбинација со моделот X50, а од споделените слики се гледа слот на екранот, тројна главна камера и вграден скенер за отпечатоци. Според извори од производителот, овој модел ќе има 6.47″ AMOLED дисплеј со резолуција од 2340 x 1080, 6GB RAM и 128GB меморија. CNET дознава дека ZTE преговара со осум телеком оператори за поддршка на уредот на своите 5G мрежи.
Компанијата исто така воведе уште два модели – ZTE Blade V10 и Blade V10 Vita. Тие се надградени верзии на минатогодишните Blade V9 и Blade V9 Vita.
Поврзани артикли