Истражувањето на вселената е следниот чекор на визионерот Елон Маск, кој преку неговата компанија SpaceX има намера да стигне до Месечината, Марс и било која и да е наредната точка на проучување на вселената. Но, најпрво треба да го направи првиот чекор – да испрати екипаж во орбитата.
За време на минатиот викенд, NASA и SpaceX потврдија дека постигнале договор со кој приватната компанија SpaceX ќе добие дозвола да испрати екипаж во Земјената орбита со леталото Crew Dragon.
Летот е закажан за 2 март и тоа ќе биде прва американска ракета со екипаж која ќе одлета во Земјината орбита во последните осум години. Според надлежните лица, нема никаква грижа околу претстојниот лет и SpaceX, NASA, Falcon 9 и Crew Dragon се подготвени и едвај чекаат на летот.
The Demo-1 Flight Readiness Review has concluded. The Board set March 2 at 2:48 a.m. EST as the official launch date for @SpaceX's flight to @Space_Station. #LaunchAmerica https://t.co/2DIJ99guG2 pic.twitter.com/86lV29gVNS
— NASA Commercial Crew (@Commercial_Crew) February 22, 2019
Од SpaceX беше најавено дека ракетата Falcon 9 и леталото Crew Dragon ќе бидат поставени на ракетодромот Kennedy Space Center веќе во четврток, 28 февруари – отприлика 48 часа пред лансирањето.
The main mission objectives for DM-1: pic.twitter.com/i5rCKSQEDP
— SpaceXUpdates (@SpaceXUpdates) February 22, 2019
Компанијата исто така потврди дека во тестот ќе биде вклучена и кукла која се користи за краш-тестови, која ќе носи астронаутски костум и ќе има опрема за мерење на основите единици кои им се потребни на дизајнерите во SpaceX за пресметките за наредните летови на кои ќе има човечки екипаж. Првиот таков лет е планиран за месец април оваа година.