Европскиот парламент наскоро ќе усвои предлог според кој сите нови автомобили што ќе се продаваат на територијата на Унијата ќе мора да го имаат системот на активно автономно сопирање.

Предлогот влезе во процедура минатата година, а Европскиот парламент се очекува да гласа следниот месец. Ако парламентот одобри, што е сосема сигурно, овој акт ќе влезе во сила во 2022 година, со цел да им овозможи на производителите време за да се подготват за потребните промени.

Активниот автономен систем за сопирање (AEB) не е единствениот што ќе стане задолжителен. Тука се и системите за предупредување за напуштање на лентата, за следење на вниманието и будноста на возачот, потоа снимање на податоците во случај на несреќа или воведување на таканаречени „Црни кутии“ за автомобили и мноштво други напредни технолошки системи.

Експертите на ЕУ предвидуваат дека воведувањето на овие системи ќе ја зголеми безбедноста на јавните патишта на многу повисоко ниво, а првите проценки велат дека ова ќе заштеди околу 25.000 животи годишно.

Споменатите правила на ниво на ЕУ ќе важат и за лесните комерцијални возила, како и за автобуси.