Компанијата HTC одлучи својот „блокчејн“ телефон да го приближи до мејнстрим корисниците, објавувајќи дека Exodus 1 oд сега може да се купи и со обични пари, а не само со криптовалути и тоа по цена од 750 долари.
Проиводителот досега, при купувањето на овој уред, прифаќаше само Bitcoin (BTC), Ether (ETH) и Litecoin (LTC). Таквиот потег требаше да овозможи телефонот да го купуват само оние кои се отворени кон употребата на модерни валути. Покрај традиционалните пари, HTC од сега овозможува и купување со Binance Coin (BNB) – валута која е заснована на Ethereum.
„Блокчејн“ телефонот на HTC беше најавен во октомври 2018. преку HTC Exodus Instagram налогот, и тоа во форма на составување на тизер кој укажуваше на тоа дека моделот вредно работи. На официјалниот сајт на компанијата можеше да се резервира новиот телефон, а целта на тој потег беше да се утврди колкава ќе биде побарувачката за моделот HTC Exodus.
Сајтот креиран за промоција на „блокчејн“ телефонот, новиот Exodus го најавуваше ако „првиот телефон кој воедно е и дигитален паричник, и кој ќе има можност за враќање на изгубените податоци“. За време на кампањата се тврдеше дека една тоа е една визија за ширење на „блокчејн“ екосистемот, со помош на првиот телефон кој целосно е ориентиран кон децентрилизирани апликации и безбедност на корисниците.
Како главна карактеристика на овој телефон се издвојува безбедносниот протокол кој е одвоен од процесорот и Android оперативниот систем, па може да се користи за чување на крипто-клучеви кои досега обично се чуваа во софтверски паричници или на USB уреди.
Па така, HTC со моделот Exodus се обиде да воспостави рамнотежа помеѓу безбедноста и комфорот, како и да ги елиминира безбедносните протоколи кои доаѓаат од страна. Одредени корисници крипто-клучевите ги запишуваа на хартија и ги чуваа во традиционални сефови, па затоа моделот на HTC нуди поголема безбедност, со едноставен начин за нивно чување.
Безбедносниот протокол фукционира во пар со HTC дигиталниот паричник – Zion, кој неодамна е компатибилен и со пребарувачот Opera.
Експертите тврдат дека HTC Exodus претставува значителен ризик за HTC, бидејќи компанијата веќе некоевреме бележи загуба при продажбата на телефони. Па така „блокчејн“ телефонот претставува невообичаен потег, затоа што има ограничена публика, па малку е веројатно ддека ќе допринесе во работата на HTC.
Извор: B92.net