Апликацијата за преведување Google Translate опфаќа повеќе од сто јазици, па може да биде многу корисна ако се најдете во држава чиј јазик не го знаете или не го зборувате многу добро, а во исто време и немате интернет.
Доколку сте некаде во странство и немате интернет на телефонот, а ви е потребна апликацијата за да преведете нешто, можете да го активирате офлајн-преводот, достапен за паметните телефони и таблетите.
Еве како можете да се подготвите за таквите ситуации. Ќе треба да го преземете секој јазик што сакате да го користите за преведување во апликацијата додека немате интернет.
Отворете ја апликацијата. Проверете дали јазикот кој сакате да го преземете е еден од двата што се појавија на екранот. Ако не е, кликнете на „Translate to“ или на „Translate from“. Потоа одете на знакчето за преземање што ќе се појави покрај секој јазик на листата. За некои јазици ќе ви бидат достапи и надградувања. Ако сакате да проверите дали се достапни за јазикот што го преземате, следете ги овие чекори:
- Кликнете на „Settings“;
- Изберете „Offline translation“. Ќе ви се појави листата на преземаните јазици;
- Одете на „Upgrade“ за саканиот јазик. Почекајте неколку минути додека не заврши надградбата.
Паметно е повремено да проверувате дали има надградба за јазиците што често ги користите. Освен за превод на она што ќе го внесете, јазикот кој сте го презеле може да служи и за превод на натписи и знаци со помош на камерата на вашиот телефон. Оваа функција можеби нема да работи добро ако не сте го презеле јазикот на својот телефон.
Како да го ограничите трошењето на интернетот при преземањето?
На телефоните со оперативен систем „Андроид“ може да се ограничи потрошувачката на интернетот. Еве како:
- Одете во „Settings“;
- Изберете „Data usage“;
- Одете на „Download offline translation files“.
На располагање имате две опции. „Ask before downloading“ ќе ви овозможи паузирање на преземањето додека не се поврзете на Wi-Fi. „Use WiFi or mobile network“ ќе го доврши преземањето без оглед на тоа дали го користите мобилниот телефон или безжичниот интернет. „Use WiFi only“ ви е најсигурната опција, со која преземањето ќе се одвива само кога сте поврзани на Wi-Fi.
Како да избришете јазици?
Одете во „Settings“, па потоа во „Offline translation“. Кликнете на корпата покрај јазикот кој сакате да го избришете. Доколку во иднина се премислите, можете одново да го преземете.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли