Melike Altınışık Architects ги претстави плановите за изградба на музеј за роботка во Сеул, кој патем ќе се гради со помош на техники на роботски конструкции и беспилотни летала. Роботите ќе бидат искористени за изградба на заоблената метална фасада на зградата во главниот град на Јужна Кореја , која треба да биде место за едукација на јавноста за роботите.

Делови од конструкцијата ќе бидат обликувани, заварени, собрани и полирани од роботи. Роботите, исто така, ќе се користат и за 3D-печатење на конкретни пејзажи околу музејот. Беспилотните летала ќе се користат за мапирање, контрола на локации и за контрола на роботски градежни возила.

Со вклучување на роботите во изградбата на сферичната структура Melike Altınışık Architects (МАА) планира да го демонстрира потенцијалот на роботиката пред да се отвори музејот.