Врз основа на новите податоци објавени во списанието Science, се чини дека повеќе од веројатно е оти влијанието на астероид или комета пред 66 милиони години предизвикало масовни вулкански ерупции во Индија, на речиси половина свет оддалеченост од местото на ударот во Карипското Море, пишува Science Daily.
Но, останува нејасно до кој степен придонеле овие две катастрофи за речиси истовременото масовно истребување на диносаурусите и многу други форми на живот.
Истражувањето открива како огромните количини на лава кои периодично се појавувале низ историјата на Земјата, влијаеле на атмосферата и го промениле текот на животот на планетата.
Во студијата, научниците од Беркли ги објавуваат најпрецизните и точни датуми за интензивните вулкански ерупции во Индија, кои се совпаднаа со масовните истребувања. Ерупциите предизвикаа текови на лава на растојанија од најмалку 500 километри низ индискиот континент, создавајќи ги т.н. Декански стапици кои на некои места се дебели скоро 2 километри.
“Сега кога ги датиравме лава тековите низ Деканските стапици на повеќе различни локации, гледаме дека насекаде има иста транзицијата. Би рекол, со прилично голема доверба дека ерупциите се случиле во рок од 50.000 години, а можеби и 30.000 години од ударот, што значи дека тие се синхронизирани, во рамките на маргината на грешка“, рекол Пол Рен, професор по планетарната наука на Беркли.
Новите датуми, исто така, ги потврдуваат претходните проценки дека тековите на лавата продолжуваат за околу еден милион години, но со едно изненадување: три четвртини од лавата избувнале по ударот. Претходните студии, пак, сугерират дека околу 80 проценти од лавата избувнала пред ударот од астероидот, додава Science Daily.
Поврзани артикли