Facebook објави денеска дека воведува нови правила за приватност кои ќе им овозможат на Android корисниците да ја исклучат опцијата за следење на локација кога не ја користат апликацијата. Оваа промена е резултат на извештај во кој се тврди дека Facebook ги користи податоците од сервисот за локација за да ги следи своите практиканти и други луѓе за кои компанијата смета дека се реална закана.
Пред новата промена, Android корисниците мораа да го прифатат пристапот за споделување на нивната локација. Доколку тие и дозволат на апликацијата да има пристап до локацијата, таа ќе може да ги собира тие податоци без оглед на се, па дури и кога апликацијата не е во функција. Промената која ја направи Facebook е мала и им дозволува на корисниците да се одлучат да не ја споделуваат локацијата кога апликацијата не се користи. Apple веќе им дозволи на своите корисници да го спречат пристапот на апликациите до нивната локација кога тие не се отворени, па затоа Facebook не ја додаде оваа промена во верзијата за iOS.