Волонтер кој работел со НАСА на проектот Скриени Светови: Планета 9, ја пронашол најстарата и најстудена позната бела џуџеста ѕвезда – со големина на Земјата и опкружена со прстени од прашина и други остатоци, пишува Science Daily.
Астрономите сметаат дека ова може да биде првата позната бела џуџеста ѕвезда со повеќе прстени од прашина.
Ѕвездата, LSPM J0207 + 3331 или скратено J0207, ги принудила истражувачите да ги преиспитаат моделите на планетарни системи и може да помогне во осознавањето на она што му претстои на нашиот Сончев систем во далечната иднина.
“Ова бело џуџе е толку старо, што било кој процес на внесување на материјалот во неговите прстени најверојатно траел со милијарди години“, вели Џон Дебес, астроном при Институтот за наука за вселенски телескопи во Балтимор.
“Повеќето модели што научниците ги создадоа за да ги објаснат прстените околу белите џуџиња функционираат за период од 100 милиони години, па така оваа ѕвезда навистина ги предизвикува нашите претпоставки за тоа како се развиваат планетарните системи“, додал тој.