Samsung поставува нови стандарди со новиот Galaxy S10: Поголем екран, повеќе камери и повеќе можности.
Од нашиот известувач од Сан Франциско
НИКОЛА БУРАГЕВ
Одбележувајќи декада од претставувањето на првиот Galaxy S уред, компанијата Samsung ја претстави новата серија премиум смартфони: Галакси С10 (Galaxy S10). Со четири уникатни уреди, новата Galaxy S10 серија е создадена да ги задоволи различните потреби на денешниот пазар на смартфони, овозможувајќи им на корисниците уште повеќе да ги прават работите во кои уживаат. Секој од уредите овозможува ново ниво на доживување во категориите за кои корисниците највеќе се грижат и се заинтересирани – неверојатни иновации за екранот, камерата и перформансите.
Како сведоштво за декадата иновации, Galaxy S10 е дизајниран за оние кои сакаат премиум смартфон со моќни перформанси кој овозможува ново, напредно ниво на мобилно искуство. За потрошувачите кои сакаат уред со високи перформанси, Galaxy S10+ ја носи секоја карактеристика на ново ниво –започнувајќи од екранот, камерата, па сѐ до перформансите. Galaxy S10e е создаден за оние кои ги сакаат сите премиум основи во компактно пакување со рамен екран. За крај, Galaxy S10 5G е креиран за оние кои сакаат повеќе од сѐ и се подготвени за најголемите брзини достапни и најмоќните карактеристики. Вклучувајќи целосно нов динамичен AMOLED екран, нова генерација камери и интелигентни перформанси, Galaxy S10 серијата им овозможува на корисниците повеќе можности и поставува нови стандарди за смартфоните.
“Уште од претставувањето на првиот С уред пред десет години, Галакси С серијата е поим за премиум иновации, овозможувајќи им на корисниците неверојатно искуство и можност да го пронајдат уредот кој е вистински за нив. Галакси С10 го надградува ова извонредно наследство, носејќи неверојатни иновации кај екранот, камерата и перформансите. Со четири премиум уреди, секој создаден имајќи ги предвид уникатните потрошувачи, Самсунг ја продолжува деценијата на лидерство во индустријата зачекорувајќи во нова ера на технологијата за паметни уреди“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг Електроникс.
Нов Динамичен АМОЛЕД екран (Dynamic AMOLED display): Искуство преку целосен екран со Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци (Ultrasonic Fingerprint Scanner)
Галакси С10 е направен со најдобриот Самсунг екран досега – првиот во свет, Динамичен АМОЛЕД (Dynamic AMOLED) екран. Како прв “HDR10+“ сертифициран смартфон, неговиот екран прикажува кристално јасна дигитална содржина, а со динамичното мапирање на тонови, корисниците ќе може да гледаат поголем опсег на бои за брилијантна, реална слика. Динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 е исто така “VDE“ сертифициран за живи светли бои и за извонреден сооднос на контраст за уште подлабоки нијанси на црно и уште посветли нијанси на бело.
Верифициран од страна на “ДисплејМејт“ (DisplayMate), корисниците ќе може да уживаат во исклучителни бои на нивниот мобилен уред– дури и при услови на висока сончева светлина. Дополнително, Динамичкот АМОЛЕД екран исто така ја намалува сината светлина преку неговиот “TÜV Rheinland“ сертифициран екран за удобност на очите, без притоа да влијае на квалитетот на сликата или да додава филтер.
Резултат на неверојатниот инженерски процес, уникатниот “Infinity-O“ екран на Галакси С10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.
Динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 исто така го вклучува и првиот Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкот отисок на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, за подобрена технологија за одбрана од измами и напади на софтвер. Со првата во свет, “FIDO Alliance Biometric Component“ сертификација, ова ново ниво на биометриска проверка овозможува безбедност на ниво на трезор, допринесувајќи уредот да биде навистина безбеден.
Професионално ниво на Камера
Надополнувајќи го лидерството на Самсунг во областа на камерите за првите “Dual Pixel“ и “Dual Aperture“, Галакси С10 претставува нова технологија на камери и напредна интелигенција која го поедноставува начинот на креирање врвни фотографии и видеа:
Функции за интелигентен перформанс кои овозможуваат максимална употреба на вашиот смартфон
Галакси С10 е создаден со премиум хардвер и софтвер базиран на машинско учење, кој работи наместо вас. Од целосно нови можности за споделување на енергија до зголемување на перформансите овозможено од вештачка интелигенција, па сѐ до интелигентна безжична конекција, Галакси С10 е најинтелигентниот уред на Самсунг досега на секое поле.
Нова ера на 5Г поврзаност
Токму онака како што направи и со 2Г, 3Г и 4Г, Самсунг го води патот и со 5Г технологијата – работејќи со најголемите добавувачи на развивање и распоредување на 5Г мрежната технологија. Сега, Самсунг ја носи моќта на 5Г технологијата во рацете на корисниците преку својот Галакси С10 5Г уред – првиот Самсунг “флегшип“ 5Г паметен телефон. Со Галакси С10 5Г, корисниците преку 5Г мрежа можат да симнат цела сезона од ТВ шоу во неколку минути, да играат “cloud“ игри со богата графика речиси без заостанување, да уживаат во подобрени искуства со виртуелна и аугументирана реалност и да останат во контакт со пријателите и семејството преку 4К видео повици во реално време. За максимално уживање во предностите на 5Г поврзаноста, Галакси С10 5Г пристигнува со најголемиот досега екран во Галакси С серијата – 6,7 инчниот “Infinity-O“ екран. Воедно, Галакси С10 5Г поседува и тридимензионална Самсунг длабинска камера за креирање 3Д фотографии преку функциите “Video Live focus“ и “Quick Measure“, а е напојуван од 4,500mAh батерија со супер брзо полнење од 25W.
Најдоброто сега е стандард: Галакси основи и екосистем на ново ниво
Галакси С10 серијата овозможува сѐ што досега беше очекувано од неа и повеќе – вклучувајќи Брзо Безжично Полнење 2.0, “IP68“ отпорност на вода и прашина, процесор од нова генерација и Самсунг услуги како Бигзби, Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќање (Samsung Pay) и Самсунг Декс (Samsung DeX). Воедно, корисниците може да користат највисок капацитет за зачувување на податоци – Галакси С10+ пристигнува со 1 терабајт вградена меморија и можност за зголемување на истата преку 512 GB микроСДкартичка до 1.5TB.
Достапност и нарачки на Галакси С10
Новите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е ќе бидат достапни во Призма Бела, Призма Црна, Призма Зелена, Призма Сина, Канаринско Жолта и Фламинго Розева боја. Галакси С10+ исто така ќе биде достапен и во два, целосно нови, премиум керамички модели со Керамичко Црна и Керамичко Бела боја.
Новите Галакси С10, Галакси С10+ и Галаски С10е ќе бидат достапни за продажба започнувајќи од 8. Март 2019 година во рамки на селектирани пазари, со препорачани продажни цени започнувајќи од 54.999 денари за Галакси С10 (128GB) односно 69.999 денари за Галакси С10 (512GB) , 60.999 денари за Галакси С10+ (128GB), 75.999 денари за Галакси С10+ (512GB), 97.999 денари за Галакси С10+ (1TB) и 44.999 денари за Галакси С10е. Можноста за нарачка на моделите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е започнува од утре, 21 февруари 2019 година. Сите оние кои во однапред определен временски период ќе го нарачаат својот Галакси С10 или Галакси С10+ ќе добијат пар Галакси слушалки (Galaxy Buds), целосно бесплатно. На овој начин, корисниците ќе може да ја слушаат својата омилена музика додека се во движење и додека вежбаат, притоа уживајќи во својот Галакси С10 пред сите останати.
(ФОТО) Samsung го претстави Galaxy Fold со екран на превиткување
Поврзани артикли