Неодамна спроведеното истражување покажа дека, кога се во прашање приватните податоци, луѓето најмалку му веруваат на Facebook.

Најпопуларната социјална мрежа Facebook беше изгласана за компанија на која корисниците најмалку ѝ веруваат, според неодамнешната анкета спроведена од Fortune. Благодарение на лошото ракување со приватноста на податоците, таргетирањето на рекламите и пропагандата, корисниците имаат најмалку доверба во неа.

Според анкетата, само 22 отсто од Американците му веруваат на Facebook кога станува збор за нивните лични податоци во споредба со сите други големи технолошки компании. Од друга страна, Amazon со 49 отсто е рангиран на највисоко место, а веднаш по неа се Google (41 отсто), Microsoft (40 отсто) и Apple (39 отсто).

– Facebook е на дното во однос на довербата на луѓето во чувањето на нивните лични податоци. Кризата на Facebook продолжува – вели Џон Герзема, извршен директор на „Харис Пол“.

Анкетата била спроведена од страна на „Харис Пол“ во име на Fortune во средината на октомври, а учествувале над 2.000 возрасни лица. Овој очигледен недостиг на доверба е лоша вест за Facebook, а главно се должи на факторите лидерство, етика, доверба и јавна слика. Исто така, скандалот со „Кембриџ аналитика“ годинава, во кој податоците на 87 милиони корисници биле споделени без нивна дозвола, заедно со протекувањето податоци во септември, кога околу 50 милиони податоци на корисниците биле изложени поради напад на мрежата, придонел за нискиот ранг на Facebook.

Според анкетата, само 59 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат „малку доверба“ во водството на Цукерберг кога станува збор за етичка употреба на информациите и податоците за приватност. Со 77 отсто, извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, се најде на прво место, а веднаш по него е Тим Кук, извршниот директор на Apple со 72 отсто. На трето место е Сатја Надела, извршен директор на Microsoft со 71 отсто, а на четврто Сундар Пичаи со 68 отсто, извршен директор на Gopgle.

Извор: Zimo.hr