Apple планира да го претстави својот прв флексибилен уред во 2020 година, и се претпоставува дека компанијата ќе има сосема поинаков пристап кон овој тренд, кој се очекува глобално да се прошири за време на 2019 година, пишуваат странските медиуми.
Неодамнешната пријава за патент на Apple има некои интересни дијаграми, а скиците ги покажуваат речиси сите можни начини на кои флексибилниот дисплеј може да се вгради во уредот и механички да функционира.
Некои скици се поедноставни од другите – поврзувајќи само два дела. Неколку скици исто така покажуваат прилично амбициозен дизајн што тековната технологија не може да го поддржи, кога се работи за аглите и дијаметарот на свиткување.
Едно од поочигледни можни решенија би бил дисплеј кој се закачува од надворешната страна на уредот. Ова исто така би можело да биде и пристап кој ќе биде имплементиран од голем број компании кои наскоро ќе ги претстават своите флексибилни телефони.
Поврзани артикли