Супербрендс, најголемиот независен арбитер за брендирање во светот, за 2017 и 2018 година ги одликува најсилните и највлијателните светски брендови меѓу кои и BRANSYS – најпознатиот македонски бренд за GPS следење и менаџирање на возен парк
Компанијата Bransys добитник на уште едно признание за своето успешно работење, признание за македонски „Супербренд“ за 2017/2018. Супербрендс е најголемиот независен арбитер за брендирање во светот, кој ги одликува најсилните и највлијателните светски брендови преку своите публикации и национални маркетинг програми. Супербрендс е глобална организација која ја промовира дисциплината на брендирање во повеќе од 90 земји, вклучувајќи околу 17 000 брендови во светот.
Компанијата Bransys, благодарение на агилната иноваторска култура, прерасна од мала компанија во „Superbrand“ за 2017/2018 година. Брансис, како единствена фирма во Македонија која има развиено in-house целосно свое решение за GPS следење и менаџирање на возила и контејнери, од GPS уред до софтвер со веб и мобилни апликации, со ова признание го потврди квалитетот на своето работење.
Брансис групацијата, со седишта во Македонија, Србија и САД, како IoT компанија развива, одржува и продава компјутерски софтвер, хардвер и услуги уште од 2008 година. Преку развивањето на целосно хардверско и софтверско решение за GPS следење и управување со флота возила, тимот на Брансис изгради целосен систем отворен за адаптација спрема потребите на клиентите.
Интересен факт за Брансис е основањето на првиот Embedded тим кој развива конкурентни хардверски решенија за GPS следење и директно се натпреварува со светски брендови во развојот на IoT уред врз база на Bluetooth 5.0 технологијата за следење карго транспорт и други дополнителни средства кои работат без електрично напојување.
Бранко Трајковски, основач на Bransys групацијата изјави: “Да се биде избран за Супербренд е едно големо достигнување и признание за квалитетот на еден бренд. Но најголемо достигнување за нас, отсекогаш било задоволството на клиентите и унапредувањето на нивниот бизнис и задоволството на тимот кој стои позади успешната приказна на Брансис.”
Зоран Саздовски, директор на Superbrands International за Адриа регионот, истакна дека статусот „супербренд“ ја зајакнува позицијата на брендот, му додава престиж и го поставува „Супербрендот“ високо над своите конкуренти.
Дознајте повеќе за Брансис брендот и за тоа што го издвојува од останатите компании за GPS следење и менаџирање на возен парк на www.bransys.com.