Во Саудиска Арабија се појави апликација што им овозможува на мажите да ги следат своите сопруги и ќерки.
Google и Apple добија многу негативни коментари од борците за човекови права бидејќи дозволиле ваква апликација да се најде во нивната понуда. Апликацијата го носи името „Абшер“ и е креација на Националниот информативен центар, што е проект на Министерството за внатрешни работи во земјата.
„Оваа апликација е навредлива и понижувачка. Страшно е што на мажите им е дозволено да го следат секој чекор на своите сопруги“, изјави Ротна Бегум од Центарот за човекови права.
Од Google и Apple е побарано да се повлече „Абшер“ бидејќи може и во реално време да испрати порака до мажот секој пат кога жената ќе ја напушти земјата.
Женските права во Саудиска Арабија се прилично ограничени. На жените, за да ја напуштат земјата, им е потребна дозвола од таткото или сопругот.
Поврзани артикли