Социјалната мрежа Instagram го отстрани профилот на кој во форма на стрип беа прикажани тешкотиите со кои се соочуваат геј-муслиманите во Индонезија по лавината реакции на интернет во најголемата муслиманска земја по бројот на жители.
Министерството за комуникации во Индонезија соопшти дека профилот со име Алпатуни бил порнографски и е избришан бидејќи ресорниот министер испратил писмо со предупредување до Instagram.
Стрипот ги прикажуваше геј-мажите кои се соочуваат со дискриминација и малтретирање, што стана честа појава во Индонезија од крајот на 2015 година кога конзервативните политичари и верските лидери почнаа кампања за прикажување на геј, бисексуалните и трансродовите лица како закана за нацијата, пишува новинската агенција Бета.
Избришан е профилот сo истото име и на Facebook.