Израел во текот на месец февруари ќе го лансира својот прв вселенски брод без екипаж, со мисија да слета на Месечината. На леталото наречено Генезис ќе му требаат околу три месеци за да стигне до своjата цел.
Според зборовите на Нир Тензера, сопственик на компанијата Nsknox, кого го запознавме за време на Cybertech 2019 година во Тел Авив, Израел, сателитот ќе оди до својата цел по заобиколен пат за да ја искористи гравитацијата и така да го добие потребното забрзување.
“Ова е голем успех за Израел, а кога ќе стигнеме на Месечината ќе застанеме рамо до рамо со САД, Русија и Кина. Откако леталото ќе се спушти на Месечината ќе го поставиме израелското знаме и направиме селфи од Месечината“, вели Тензера.
Во леталото ќе нема човечки екипаж, туку ќе има голема временска капсула, во која има детски цртежи, знамето на Израе, сеќавања од Холокаустот…
Поврзани артикли