Instagram почна да ја истражува грешката која предизвикува дел од најпопуларните инфлуенсери да губат милиони следачи на оваа социјална мрежа. Најпопуларните профили се оние кои ја одржуваат мрежата, па затоа Instagram веднаш „се фрли“ во акција.
„Свесни сме за проблемите поради кои на одредени профили се менува, односно намалува бројот на следачи. Работиме напорно за да го отстраниме овој проблем“, изјавија од Instagram.
Популарни јутјубери, меѓу кои се Џејмс Чарлс и Зек Клејтон, кои имаа милиони следачи на Instagram, синоќа на социјалните мрежи го посочија овој проблем. Популарните пејачки Аријана Гранде и Селена Гомез исто така забележаа дека губат голем број следачи.
„Изгубив скоро половина милион следачи. Што се случува“, напиша Чарлс на Twitter.
Извештајот на бизнис компаниите како Fast Company наговестува дека Instagram презема акција за отстранување на милиони неавтентични корисници, што предизвикува губење на следачи.
Од Instagram во ноември најавија дека ќе ги отстрануваат профилите кои се креирани поради стекнување популарност на оваа социјална мрежа, но не потврдија дека ќе преземат активности за нивно бришење.
Извор: Klix.ba