Вип продолжува да ги збогатува содржините за сите млади на возраст од 18 – 26 години, овојпат со креирање на можноста да станат дел од Vip Spirit Club – от – достапен на веб страницата на компанијата www.vip.mk/spirit.

Сите млади кои се подготвени за предизвици и многу забава, можат да се регистрираат следејќи го упатството што го добиваат со пристапување на линкот позициониран во секцијата ЗА МЛАДИ каде е деталното упатство за стекнување уникатен код за идентификација како член на Vip Spirit Club со што и автоматски учествуваат во извлекување за 3 подароци– iPhone X. Добитните кодови ќе бидат објавени на 15 септември, на Facebook страницата на Вип.

Со самото регистрирање, како дел од Vip Youth заедницата, сите членови на клубот добиваат и уникатна можност за пристап до многу изненадувања, можност за присуство на музички настани, можност за специјални понуди за млади како и попусти за телефони.

Vip Spirit Club е уште еден доказ дека Вип е компанија која е постојано насочена кон истражување на потребите на своите корисници, сé со цел креирање на идеални понуди за непречена комуникација, но и многу содржини што го збогатуваат комуникациското искуство.

Повеќе информации за Vip Spirit Club можете да добиете на www.vip.mk