Системот на дополнителна заштита, кој WhatsApp неодамна го воведе за своите корисници, може да биде клуч за чување на тајните пораки, пренесе Independent.
Компанијата неодамна претстави биометриски алатки во iPhone верзијата на апликацијата, што значи дека телефонот ќе провери дали сте “вистинско лице”, пред да ви дозволи да влезете.
Тоа значи дека можете да ја отворите апликацијата само ако имате вистински отпечаток од прст или лице, при отклучување на телефонот.
Со овој алат на заштита, многу е потешко било кој да влезе во вашите разговори, но и вам ви е потешко тоа да го направите, бидејќи апликацијата ќе побара да ви го препознае отпечатокот од прст или лицето, секој пат кога ќе пробате некому да му испратите порака.
Функцијата е многу едноставна за вклучување: отворете ги подесувањата за WhatsApp, одете на опцијата Приватност и кликнете на неа. WhatsApp ќе ве праша дали сакате телефонот веднаш да се заклучи.
Меѓутоа, иако функцијата заклучува пристап до апликацијата, таа не ги заклучува известувањата. Тоа значи дека ако некој го има вашиот телефон, и натаму ќе може да ги гледа пораките, па дури и да одговори на нив, ако ја користи функцијата на брз одговор.