Повеќе од еден месец, откако Olixar откри како ќе изгледа задната страна на Huawei P30 и P30 Pro, уште еден производител на футроли за смартфони ги потврди овие информации, ни ја открија и предната страна на уредите.
Spigen објави фотографии од пет различни футроли за претстојните телефони, отривајќи четири камери на Huawei P30 Pro, поставени во вертикален аранжман заено со двоен LED блиц од страна. Стандардниот P30 има три камери, поставени вертикално, додека блицот е сместен под нив.
Предната страна прикажува засек во екранот во облик на капка, тенка долна рамка, додека останатите три страни се речиси непостоечки. Интересно е дека предната страна е прикажана со датумот за 28. март. Huawei вчера објави дека P30 серијата ќе биде објавена кон крајот на март во Париз, а можно е дека ова ќе биде датумот на претставување на смартфонот.