Младиот Грант Томпсон ќе добие непознат износ како надомест за неговото откритие, а од Apple ќе вложат и во неговото образование.
Apple конечно ја објави на „поправката“ на безбедносниот пропуст во апликацијата FaceTime која што овозможуваше прислушкување на другите сопственици на iPhone.
Но, вистинскиот херој на оваа приказна е 14-годишното момче кое што го откри пропустот и неговата мајка која што на секој начин се обидела да ги предупреди Apple за сериозниот безбедносен пропуст.
Како што пренесуваат американските медиуми, од Apple планираат да го наградат Грант Томпсон со износ кој што се уште не е објавен, како и да вложат во неговото образование. Воедно, од Apple спровеле и „темелна безбедносна проверка на сервисот FaceTime“ која што покажала дека има проблем и со Live Photos“.
Проблемот со тој пропуст веќе бил решен се најновото издание на оперативниот систем iOS 12.1.4.
Откако Томсон го открил пропустот, на неговата мајка ѝ била потребна повеќе од една седмица за да добие некој од Apple и да му го открие пропустот. Поради тоа, се отвора прашањето како луѓето, кои што не се експерти, можат да ги известат од Apple за безбедносен проблем. Од Apple наводно работат и на промена на системот за тоа да биде олеснето.
Во меѓувреме, пристигнаа и првите тужби поради прислушкувањето, а на TechChurch откриваат дека некои апликации на iOS бележат активности на корисникот со помош на алатка за аналитика, нешто што Apple остро го негира.
Извор: Tportal.hr