Кинеската компанија Vivo најави дека нејзиниот следен смартфон Vivo 15 Pro ќе има pop-up селфи камера од 32 мегапиксели.
Овој смартфон е втор обид на Vivo да ја популаризира предната pop-up камера и ќе биде официјално претставен на 20 февруари на Мобилниот конгрес во Барселона, Шпанија.
Познати се многу малку детали за смартфонот, но се знае дека поп-ап селфи камерата ќе биде значително подобрена.
Vivo уште лани го претстави концептот Nex S со вакво решение. Иако концептот на камера на извлекување е интересен, голем недостаток беше што тоа беше камера со 8 мегапиксели.
Меѓутоа, камерата со 32 мегапиксели на уредот Vivo 15 Pro би требало да биде подобар тест на концептот.
Vivo потврди дека и V15 Pro ќе има сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот, како и во Nex S.
Цената засега не е позната, па останува да го чекаме конгресот во Барселона за да дознаеме повеќе детали.
Извор: Klix.ba