Samsung Galaxy S10 ќе биде еден од првите паметни телефони кој ќе поддржува брза и напредна WiFi 6 конекција, објави The Verge.

Регулаторните пријави на јужнокорејскиот гигант, кој го воочи компанијата Droid Life откриваат дека трите модели на претстојниот телефон ќе имаат поддршка за сосема нов WiFi стандард.

Сепак, таа брзина на бежична конекција нема веднаш да направи многу. Речиси никој нема WiFi 6 рутер, а потребен е доколку се користат можностите на таа конекција.

WiFi 6 исто така не нуди огромна брзина за поединечни уреди, а би требало да се подобрат перформансите во домовите или на WiFi мрежите кои ги користат голем број на уреди.

Сеедно, експертите велат дека можноста за поддршка на WiFi 6 е голема предност.

WiFi 6 е најновата надоградба на стандардното бежично поврзување кое се темели на стандардот IEEE 802.11 ax. Треба да овозможи побрза врска со поголем капацитет и подобри енергетски поволности во однос на претходникот.

Досега не постојат многу WiFi 6 уреди, но Galaxy S10 сугерира дека тоа би можело да се промени. Новото милениче на Galaxy најверојатно ќе биде опремено со Qualcom врвен процесор Snapdragon 855 кој вклучува поддршка за WiFi 6. Тој чип сè уште не е широко користен, но би можел да се најде во овогодинешните модели.

Samsung Galaxy S10 треба да биде претставен на крајот на овој месец, а на пазарот пристигнуваат три модели – S10, S10 Plus и S10 E.

Извор: Klix.ba / The Verge