Класичната верзија на Skype на почетокот на февруари остана без поддршка од Microsoft. Тоа можеше да се случи и порано, уште во септември 2018 година, но по барање на корисниците компанијата го одложи рокот за прекин на поддршката.
Корисниците на Skype Classic 7.4 за компјутери веќе нема да добиваат апдејти на апликацијата, ниту пак ќе можат да се потпрат на техничка поддршка. За сите нив, Microsoft препорачува префрлање на Skype 8 верзијата.
Освежената верзија вклучува голем број на нови функции и подобрувања – како снимање на и поедноставен пренос на датотеки, како и променет интерфејс, но некои вообичаени карактеристики на апликацијата отпаднаа.
Skype 8, исто така, доаѓа со барање за подобар квалитет на поврзување и сигурност. Во чатот има можност да ги споменете корисниците и брзо да ги видите сите линкови и датотеки што сте ги примиле.
Слики, видеа и други содржини со големина до 300 мегабајти може да се праќаат со едноставно лизгање во прозорецот за разговор.
Skype Classic Support е нов чекор од Microsoft за да ги поттикне корисниците на Windows 7 да ги надградат до постоечката платформа на Windows 10. Тие можат да инсталираат и користат Skype 8 на Windows 7, но некои функции за пораки – како што е режимот на поделен прозорец – нема да работи.