Google и натаму се бори со малициозните Android апликации, кои се провлекуваат низ ситемот на проверка и покрај тоа што е подобрен. Затоа компанијата неодамна повлече 29 камера и фото апликации од Play Store, а ова беше направено за да се отстранат нападните реклами, корисниците кои напаѓаат други и крадат налози.
Поголем број од повлечените апликации генерирале реклами на цел екран, а некои приликаѕа ја користеле и за phishing измами за кражба на лични податоци на корисниците скриени како натпреварувања. Втората група камера апликации привидно била наменета за разубавување на корисничките фотографии, но реалноста краделе само уфрелни фотографии и на корисниците им давале лажни информации.
За да ја прикријат својата малициозна природа, апликациите користеле различни архиви за компресија за спречување на анализата, како и слоевите на енкрипција за своите сервери. Корисниците, исто така, имале тепшкотии да ги отстранат, бидејќи се криеле на листата на стандардни апликации.
Проблемот со апликациите е тоа што биле популарни пред да ги отстрани Google. Вкупно 11 апликации се преземени над 100.000 пати, а три преку милион пати, што потенцијално значи дека голем број корисници се загрозени. Листата на повлечени апликации е можно да се види во линкот на изворот.