Технолошкиот гигант објави дека Google+ по 2 април, 2019 година повеќе нема да постои, а дури и детално ги опиша чекорите кои ќе ги преземе до тој ден.
Почнувајчи од утре, 4 февруари, корисниците нема да можат да отвораат нови профили, страници, заедници и настани.
Истиот ден ќе се стави точка на користењето Google+ за коментирање на Blogger, иако на други платформи ќе имаат време до 7 март.
Во следните неколку недели, тастерите за пријавување преку Google+ ќе престане да работи и ќе бидат заменети со тастери за пријавување преку Google, во некои случаи.
Код оние заедници кои собираат многу интересни и важни податоци, компанија на модераторите ќе им даде прилика да ги преземат некаде до почетокот на март.
Но, Google+ за корисниците на G Suite и понатаму ќе продолжат со работа. Наскоро треба да добие нов изглед и нови функции.