Американската компанија Motiv, со седиште во Сан Франциско, креираше паметен прстен којшто овозможува верификација на идентитет преку EKG и плаќање со помош на NFC технологија, пишува Dezeen.
Компанијата за прв пат го претстави прстенот Motiv во 2017 година како уред за следење на фитнес активности. Во новиот уред, што ќе биде достапен подоцна годинава, новина е вградената NFC технологија за електронско плаќање и можност за EKG на корисникот.
Корисниците на прстенот ќе можат да пристапат до заштитени веб страни и локации благодарение на биометриската идентификација направена врз основа на EKG.
Истата технологија ќе се користи за идентификација при NFC плаќање. Motiv прстенот го има во црна, сребрена и розова боја со златен финиш.
Поврзани артикли