Loop е нова еколошка платформа за испорака на неколку големи светски брендови за широка потрошувачка, со цел да се намали отпадот што самите производи го прават, објави Fast Company. Во проектот, којшто треба да започне годинава, вклучени се Procter & Gamble, Nestlé, Pepsico, Unilever, Mars, Clorox, Coca-Cola, Mondelēz, Danone и други познати имиња како и компанијата за испорака UPS.
Платформата функционира на тој начин што корисникот нарачува производи онлајн и потоа истите ги добива во специјална еко кутија Loop, каде што секој артикл е индивидуално спакуван во одржливи амбалажи.
Кога производите ќе бидат потрошени, се ставаат амбалажите пак во кутијата и се враќаат назад. Тоа може корисникот да го направи лично до некој пункт на UPS или да се јави во Loop за некој да дојде и да го подигне. Секој пакет во системот е дизајниран за повеќе од 100 употреби. За почеток, производите ќе бидат нарачувани преку веб страната за е – трговија на Loop.
Цената на производите останува иста, а корисникот ќе плати само депозит за испораката, којшто подоцна ќе му биде вратен. Одреден број на производи ќе можат да се добијат и со бесплатна испорака во зависност од тежината