Јужнокорејскиот ETNews објави интересни информации за плановите на компанијата LG за годинашниот MWC саем во Барселона. На Мобилниот конгрес ќе бидат присутни и LG V50 ThinQ и G8 ThinQ. V50 ќе има 5G конекција и ќе биде достапен од март, за да се натпреварува со Samsung Galaxy S10 X моделот.
Се очекува дека LG V50 ќе има 6-инчен екран и нов “hands-free” интерфејс, кој ќе овозможува контрола на апликациите со гестикулација на рацете. Телефонот ќе го покренува Snapdragon 855 чипсетот, со комора за пареа, која ќе го одржува разладен. Уредот ќе го напојува 4000 mAh батерија. Со оглед на тоа дека стигнува со 5G поддршка, LG склопи партнерство со Sprint, а уредот ќе пристигне и во Европа.
Кога е во прашање LG G8 ThinQ, уредот ќе пристигне во исто време кога и LG V50, a ќе биде 4G премиум модел на компанијата. Ова ќе биде прв пат G и V телефоните да бидат објавени заедно, со оглед на тоа дека обично се претставуваат во различни периоди од годината.